Опсерваторијата

Европската опсерваторија за новинарство (EJO), мрежа од 13 независни непрофитни институти за медиумско истражување во 11 земји, има за цел да ги поврзе новинарските истражувања и практиката во Европа и да го поттикне професионализмот и слободата на медиумите.

Мисија

  • Да ги следи истражувањата за медиумите и новинарството, трендовите во медиумските индустрии и најдобрите практики во новинарството.
  • Да гради мостови меѓу новинарските култури, особено во Европа, нејзините соседни земји и САД.
  • Да го унапреди професионализмот во новинарството преку намалување на јазот помеѓу комуникациските науки и медиумската пракса.
  • Да ги намали културните бариери, обезбедувајќи достапни, повеќејазични медиумски вести и анализи за зафатените истражувачи и практичари.

EJO го унапредува дијалогот помеѓу медиумските истражувачи и практичарите. Преку ЕЈО, резултатите од медиумските истражувања доаѓаат до луѓето чијашто работа е поврзана со медиумите или до оние кои работат за медиуми. Целта е да се подобри квалитетот на новинарството, да се придонесе за подобро разбирање на медиумите и да се поттикне слободата на печатот и медиумската одговорност.

Активности

ЕЈО:

  • Обезбедува анализи и статии за современото новинарство и медиумски истражувања на своите веб-страници, за новинари, медиумски менаџери и други комуникациски експерти, вклучувајќи студенти и истражувачи.
  • Агрегира релевантни статии за новинарство и медиумско истражување на платформите на социјалните медиуми (Фејсбук, Твитер итн.).
  • Организира конференции и работилници за да овозможи отворена, меѓународна размена на идеи помеѓу истражувачи, медиумски практичари, студенти и заинтересираната јавност.
  • Учествува во компаративни, истражувачки проекти: Партнерите на EJO спроведуваат заеднички и транснационални новинарски анализи за трендовите и случувањата, со посебен фокус на иновациите и „најдобрите практики“ во новинарството.

Персонал

Веб-страницата на EJO на англиски јазик е заедничка активност на:
Велика Британија: Катедра за новинарство при Универзитетот Сити во Лондон
Швајцарија: Università della Svizzera italiana, Lugano

Соработка со мрежата на ЕЈО

EJO со задоволство прифаќа предлози за статии од новинари и академици, доколку тие ги исполнуваат професионалните стандарди за квалитет поврзани со новинарското пишување и документирањето извори. Меѓутоа, EJO е нискобуџетен непрофитен проект и затоа обично не плаќа хонорари за индивидуалните придонеси.

EJO е исто така и проект за обука: им нуди на студентите од институциите-учеснички можност да објавуваат статии и им дава можност на мала група млади истражувачи, со искуство во новинарството, да ги финансираат своите докторски студии работејќи за EJO како веб-уредници.
Работата и трудовите на EJO се независни, академски ригорозни и со меѓународна перспектива.

Притиснете тука за да прочитате повеќе детали за мрежата на ЕЈО

Спонзори и соработници

Голема поддршка за EJO обезбедија Фондацијата Роберт Бош во Штутгарт (Германија), Stiftung Pressehaus NRZ во Есен (Германија), Fondazione Fidinam (Швајцарија) и Fondazione per il Corriere del Ticino во Лугано (Швајцарија).

Притиснете тука за да ја видите листата од сегашни спонзори и соработници

Основачи

Притиснете тука за повеќе информации за основачите на ЕЈО

Правна одговорност

Притиснете тука за да ја прочитате Правната одговорност на ЕЈО

Comments are closed.

Send this to a friend